Автопатот од Гевгелија до Табановце доби нова патна сигнализација
Comments : Off
Заврши проектот за реконструкција и поставување на нова вертикална и хоризонтална сигнализација на долж целата траса на автопатот од Коридорот 10. Во проектот се инвестирани 1.250.000 евра обезбедени од Европската унија. Изведбата му беше доверена на „Гранит“, а носители на проектот беа Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски.
Реконструкцијата и поставувањето на нова вертикална и хоризонтална сигнализација долж автопатот од Гевгелија до Табановце се реализираше во текот на минатата година. Со проектот беа опфатени клучките Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Велес (југ), потегот од клучка Хиподром до клучка Миладиновци и од клучка Хиподром до клучка Петровец.