Компонента III: Регионален развој (РД)
Во согласност со член 147 од Регулативата за спроведување на ИПА (ЕК) бр.718/2007, помошта во рамките на ИПА Компонентата за Регионален развој се доделува за следниве приоритети:
- патна инфраструктура, особено во интерконекцијата помеѓу националните мрежи, и помеѓу националните и транс- европските мрежи;
- мерки за животната средина кои се однесуваат на управување со отпад, водоснабдување, урбани отпадни води и квалитет на воздух; рехабилитација на загадени површини и земјиште; области кои се однесуваат на одржлив развој кој претставува придобивка за животната средина, имено енергетска ефикасност и обновлива енергија;
- операциите кои што ја подобрат регионалната конкурентност и поволно опкружување и ќе поттикнат создавање и одржување на постојана вработеностoperations which enhance regional competitiveness and a productive environment, and encourage creation and safeguarding of sustainable employment.
Во рамките на оваа компонента, техничката помош може да биде доделена за прелиминарни студии и техничка поддршка која се однесува на активностите оправдани за финансирање, вклучувајќи ги и оние кои се неопходни за нејзино спроведување. Техничката помош исто така може да финансира активности поврзани со подготовка, управување, следење, евалуација, информации и контрола, како и активности кои ќе го зајакнат административниот капацитет за спроведување на помошта во рамките на ИПА Регулативата обезбедена преку оваа ИПА Компонента.
За повеќе информации погледнете на: http://www.delmkd.ec.europa.eu/en/bilateral-relations/eu-assistance/IPA-components.htm
Оперативна структура за ИПА Компонентата за Регионален развој во Република Македонија
See the IPA Operating Structure Chart – III – RD |